Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го предупреди турскиот колега Реџеп Таип Ердоган против какво било странско мешање во Либија, соопшти Белата куќа, откако турскиот парламент го одобри распоредувањето на трупите во Триполи.
Во телефонски разговор, Трамп истакнал дека странското мешање ја компликува ситуацијата во Либија.
Турскиот парламент го одобри законот за испраќање турски трупи во Либија. Пратениците ја одобрија иницијативата насочена кон помагање на владата поддржана од САД во Триполи во борбата против силите на Калиф Хафтар, кои спроведуваат офанзива во либискиот главен град.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот месец рече дека либискиот премиер Фајез Сарај го замолил за помош.
Борбите меѓу меѓународно признатата влада и генералот Калиф Хафтар, кој владее на истокот на земјата, почнаа по соборувањето на долгогодишниот претседател Моамер ал-Гадафи.