Данците кршат чинии, Шпанците имаат обичај да изедат по 12 зрна грозје, а Бразилците носат бела облека. Секоја држава има различни обичаи кога е во прашање прославувањето на Новата година. Еве како се слави Новата година ширум светот.

Данска

Данците кршат чинии пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Според верувањето, колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате во новата година.

Јапонија

Во Јапонија се слави цел декември и се одржуваат забави под името Боненкаи, на кои целта е да се остават лошите работи зад себе и да се подготват луѓето за нов почеток. Тогаш ѕвоната во храмовите ѕвонат 108 пати, за да ги избркаат човечките слабости. Потоа сите се смејат бркајќи ги со смеата лошите духови.

Австрија

Во Австрија се подготвува свечен ручек, а како десерт се послужува сладолед во облик на детелина со четири листа.

Италија

Италијанците вообичаено се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно, толку злото побрзо ќе избега. Исто така од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека. И тоа преку прозорец. Од друга страна, еден сицилијански стар обичај вели дека среќата ќе дојде на оние кои на Нова година јадат лазањи.

Норвешка

Норвежаните се честат со пудинг од ориз, во кој е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа.

Шпанија

Шпанците јадат 12 зрна грозје, по едно за секој месец, верувајќи дека на тој начин ќе ги избегнат проблемите во новата година.

Куба

Како што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината.

Бразил

Во Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека, заради среќа и мир во годината која следи. Со оглед дека Бразил е на јужната хемисфера и дека тогаш е лето, сосема е убаво да се биде во бел костим за капење.

Колумбија

Во секое семејство се шие специјална кукла што ја претставува старата година. Куклата потоа се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој пишува што би сакал да остави зад себе во Новата година. Оваа традиција е поврзана за повеќе латиноамерикански земји. 

Холандија

Холанѓаните за дочекот се подготвуваат правејќи крофни, бидејќи веруваат дека тоа носи среќа.