АД ЕСМ објави јавен повик за купуваwе на шест нови автобуси за превоз на работниците во РЕК „Битола“. Автобусите ќе бидат еколошки, со погон на ЦНГ, односно метан. За оваа цел предвидени се 88 милиони денари или 1,4 милиони евра, сопствени средства на АД ЕСМ. Јавната набавка е сега, на крајот од годината како резултат на домаќинското работење на компанијата и заштедите направени во текот на годината.
– Ова е прва ваква набавка на автобуси од 2000-тата година. Дел од автобусите кои и денес се користат за превоз на работниците биле набавени како половни во 2014 година. Тоа доволно зборува за катастрофалната состојба во која се нао|а автобускиот возен парк на РЕК „Битола” – рече генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски.
Според него, со набавката на новите, еколо{ки автобуси за превоз на работниците од РЕК „Битола“, ќе бидат постигнати неколку цели. Ќе биде зголемена безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК „Битола“ кои работат во исклучително тешки услови.
– И во рудниците, и во термоелектраната. Тие тоа го заслужуваат. Второ, од еколошки аспект, автобусите кои сега ги превезуваат работниците многу ја загадуваат животната средина и не ги исполнуваат минималните еколошки стандарди. Граѓаните со право реагираат. И мене како на битолчанец, не ми е пријатно кога ги гледам низ улиците на Битола. И трето, со набавката на новите автобуси, АД ЕСМ и РЕК „Битола“ ќе ја потврдат општестевната одговорност кон општините Битола, Новаци и Могила.
Овие автобуси кога нема да превезуваат работници на РЕК Битола, согласно законската регулатива, ќе вршат превоз на ученици, студенти, во вторник и петок пензионери, спортски клубови, членови на здруженија и невладини организации. И сето тоа, секако во согласност со нашите можности – рече Ковачевски.
Директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски додаде дека набавката на новите автобуси на природен гас за РЕК Битола е исполнуваwе на уште едно ветување со цел подобруваwе на условите за работа во Комбинатот, намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина. М.М.