Претседателот на Собранието Талат Џафери и годинава продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња во форма на едукативен материјал и прехранбени пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, оддел Онкологија.
-Драги деца, ви посакувам добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на вашите желби и сништа, среќна Нова Година – им посака Џафери на децата.