Тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг се врати таму каде што започна нејзината кампања – пред шведскиот парламент.
По неколкумесечно патување со воз и брод на разни климатски настани во Европа и во САД, 16-годишната Швеѓанка повторно ја зголемува свеста за климатските промени дома, исто како што тоа го правеше пред една година кога престана да оди на училиште за да го започне својот протест за климата, поради што стана инспирација за децата во целиот свет, пренесува АП.