Семејство од Флорида, САД, доби отштета од четири долари, откако порота одлучи дека локалниот шериф е делумно виновен за смртта на 30-годишниот маж кој беше застрелан од полицијата додека беше во сопствената гаража, пренесува „Њујорк пост“.
Семејството ги тужеше полицаецот Кристофер Њуман и шерифот Кен Маскара, поради смртта на Грегори Хил во 2014 година. Таткото на три деца, тогаш беше застрелан од Њуман трипати, откако делумно ја отворил вратата од гаражата, по што и ја затворил. Инцидентот се случил кога полицијата реагирала на пријава за бучава. Њуман тврдел дека Хил имал огнено оружје, по што не бил обвинет за убиството. Пиштол бил пронајден во задниот џеб на жртвата, а полицијата тврдела дека Хил бил и во алкохолизирана состојба.
Поротата на судењето одлучила дека Њуман не е виновен, додека Маскара бил виновен за еден отсто за смртта на Хил, кој пак, бил виновен 99 отсто за сопствената смрт, според поротниците. Згора, поротата доделила еден долар за трошоците на погребот, како и по еден долар за секое од трите деца на Хил, на возраст од седум, десет и тринаесет години.
Адвокатот на семејството Хил негодуваше за пресудата.
– Токму тоа што болката на црномурестото дете вреди само еден долар, претставува проблем со моментната положба на Афроамериканците. Ова кажува дека нивните животи не вредат – кажа правниот застапник на семејството.