Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи ќе игра против Барселона во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Ова е резултат од денешната ждрепка која се влечеше во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион, Швајцарија.

Реал Мадрид ќе се соочи со Манчестер сити, додека актуелниот европски првак Ливерпул ќе се сретне со Атлетико Мадрид во поинтересните дуели.

Првите осминафинални мечеви ќе се играат на 18 февруари в година, а реваншите се закажани за 10 март.

Осминафинални двојки

Борусија Д. – ПСЖ
Реал – Манчестер С.
Аталанта – Валенсија
Атлетико М. – Ливерпул
Челси – Баерн
Лион – Јувентус
Тотенхем – Лајпциг
Наполи – Барселона