Во 2018 година, направени се значајни реформи со измената на Законот за лекови и медицински средства. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз како порано и во државата донесени се оргинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму велат дека воведени се три нови типови на инсулин, два инсулински аналози, инјектибилни и таблетарни. Со ова, како што се додава, значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот.
– Со сите чинители, активно се работеше во изготвување на новата 10-годишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита. По носењето на стратегијата, почнува ревитализација на сите центри за дијабетес.
Со Предлог-буџетот за 2020 година, обезбедуваме инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење на шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, во висина од 750 милиони денари – соопшти министерството.