Со втората фаза од проектот на родители на деца со посебни потреби „Надеж“ од Кичево, во целост е реализиран проектот „Поттикнување и промоција на културното и ликовно творештво на децата со посебни потреби“, финансиски поддржан од општина Кичево.

Во втората фаза од овој проект, беа изложени цртежите кои децата ги изработуваа пред една седмица и кои беа понудени на продажба, а средствата собрани од оваа аукција, ќе бидат наменети за натамошни активности на оваа ранлива категорија.

 

– Откако минатиот петок го реализиравме првиот дел од проектот „Поттикнување и промоција на културното и ликовно творештво на децата со посебни потреби“, во кој децата ги посетија музејот „Западна Македонија во НОВ“, градската библиотека „Кочо Рацин“, а во големата сала од Центарот за култура, проследија и цртани филмови. Во завршницата на првиот дел од проектот, изработуваа цртежи со помош на своите родители и придружници, кои денес беа изложени пред граѓаните на Кичево и кои беа понудени на продажба. Имавме успешна аукција и поголем дел од овие цртежи ги купија заинтересирани граѓани. Средставата од оваа продажба, ќе бидат наменети за понатамошни активности на децата со посебни потреби од нашиот град – истакнаа реализаторите на овој проект, Горан и Славе, кои посочуваат дека најголемата придобивка од овој проект е дружбата на овие деца и нивна социјализација, што беше и приоритетна цел на спроведување на истиот. З.А.