Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека нема потреба за давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. 

Единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Зкаонот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.
 

Уставниот суд минатата недела одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016-та година. Членот 11-а му овозможува на претседателот да повлече веќе донесена одлука за помилување, што би можело директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, односно врз предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори.