Сите земји-членки на Европската Унија дадоа согласност Србија до крајот на оваа година да го отвори поглавјето 4, кое се однесува на слободата на движење на капиталот, дознава „Танјуг“ од извори во Брисел.
Меѓувладината конференција на која ќе биде отворено новото поглавје во пристапните преговори ќе се одржи на 10 декември во Брисел.
Србија ги почна преговорите за влез во ЕУ во 2016 година со отворање на поглавјата 23 и 24, најзначајните и најтешки поглавја што земја кандидат за членство треба да ги исполни. Поглавјето 23 се однесува на правосудството и основните човекови права, а поглавјето 24 е за прашањата од областа на правдата, слободата и безбедноста.