Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, забележа убедлива победа над Швајцарката Џени Дуерст во два сета, со 6-2 и 6-0 и се пласира во четврт-финалето на турнирот во Анталија, Турција што се игра на тврда подлога и е со награден фонд од 15.000 долари.
Ривалка на патот до полуфиналето на Ѓорческа, првата фаворитка на турнирот, ќе ѝ биде Русинката Екатерина Рејнголд.
Во претходното коло Ѓорческа ѝ препушти само три сета на Сафо Сакелариди од Грција, 6-2 и 6-1.
Минатата недела Ѓорческа (моментално 435-та на ранг-листата на ВТА) победи на претходниот турнир во Анталија, 10-ти за неа во кариерата во поединечна конкуренција.
Втората македонска тенисерка на турнирот во Анталија, Магдалена Стоилковска, беше елиминирана од Анхелина Калита од Белорусија, 2-6, 1-6.