Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди Албанија се зголеми на 32, а повредени се 658 лица.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека здравствената состојба на осуммина е сериозна.
Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна нега.