Во пукање кое утринава се случило во населба во Сараево една жена загина, додека друга е ранета и е пренесена во болница.
Според порталот „Кликс“, заталкан куршум погодил вработена во Јавното комунално претпријатие „Парк“, која во тој момент го почнувала работниот ден во расадник веднаш покрај патот. Полицијата трага по убиецот чиј идентитет сè уште не е познат.
Пукањето се случило околу 7 часот, кога заскитаниот куршум ја погодил работничката. Во тој момент имало и други работници на истото место.
-Голема катастрофа е избегната со оглед на тоа дека во тој момент околу 15 лица почнуваа со работа на истото место – изјавила портпаролката на КЈКП „Парк“, Алдијана Кљајиќ-Хамза за „Кликс“.