Компанијата за производство на автомобили Дајмлер соопшти дека германските регулатори за моторни возила и наложиле да го повлече моделот „Вито“, што го произведува фабриката „Мерцедес-бенз“, бидејќи при контрола утврдиле дека тоа возило не ги исполнува законските барања во поглед на емисијата на гасови.
Од Дајмлер порачаа денеска дека се во тек подготовки за софтверско унапредување на контролниот систем на моторот што бесплатно ќе го направат за сосптвениците на возилото, пренесува АП.