Скопје денеска е трет најзагаден град на планетата со што продолжи да се искачува на листата на градови со најзагаден воздух во светот. Просечна концентрација на ПМ10 честички на кубен метар во Скопје денеска изнесува 166.
Скопје завчера се најде на петтото место на листата со 158 ПМ10 честички на метар кубен, откако во неделата беше на десеттото место. На листата во изминатите неколку дена високо котираа и Белград и Сараево.
Првото место денеска го зазема пакистански Лахор со 316 ПМ10-честички, а втората позиција се најде Њу Делхи со 330 ПМ10-честички.