Торба со рачни гранати била пронајдена утринава во непосредна близина на Националното собрание на Република Српска во Бања Лука.
Радио телевизија Република Српска јави дека полицијата извршила увид, а припадниците на Службата за цивилна заштита отстраниле торба со три бомби.
Полицијата соопшти дека бомбите биле дотраени и биле пронајдени во 8,10 часот од вработен во претпријатието за комунална хигиена во торба покрај напуштена барака.
Претседателот на Националното собрание, Недељко Кубриловиќ, потврди дека експлозивните направи не се пронајдени во Собранието, туку во негова близина.