Првото ел класико сезонава меѓу Барселона и Реал ќе се одигра на 18 декември (среда), на „Ноу Камп“, со почеток во 21 часот, реши шпанскиот фудбалски сојуз (РФЕФ).
Со оваа одлука се согласиле двата клуба, но наводно, не се согласува раководство на Ла лига, кое ги претпочита термините 4 или 7 декември, и можно е да се жали до Судот за спортска арбитража во Шпанија.
Големото дерби меѓу големите ривали требаше да се игра в сабота, 26 октомври, но беше одложено поради политичките тензии и протестите во Барселона и во Каталонија.