Обожавателите на Џокерот почнаа масовно да ги посетуваат скалите во Бронкс, Њујорк, на кои Хоакин Феникс, кој го глуми негативецот во најновото филмско остварување, го изведе неговиот препознатлив танц.
Феникс танцува додека се спушта по скалите, а во позадина свири песната „Рок ен Рол 2“. Скалите, кои ги поврзуваат авениите Шекспир и Андерсон, полека стануваат популарна туристичка атракција во Бронкс.
Некои од обожавателите на популарниот негативец пробаа да го изведат неговиот танц од филмот, додека други едноставно само направија фотографии на познатите скали.