Моторџии како дел од глобалното движење „Возење на истакнати џентлмени“ денеска по четврти пат возеа низ Скопје, со цел да ја пренесат пораката за покренување на свеста за машкото здравје и превенција од ракот на простата.
Овој настан се одржува во околу 110 земји низ светот, а на него учествуваат над 100.000 мажи и жени.
Настанот традиционално се организира на последната недела од септември.