Белград – Србија редовно ги исплатува долговите кон светските кредитори, кои ѝ позајмувале средства во рамките на некогашна СФРЈ, а кои денес изнесуваат околу 1,97 милијарда евра, а рокот на исплата е до 2041 година, а кредитите се земани за изградба на инфраструктурни објекти и индустриски капацитети, во земјоделството, електростопанството… (Танјуг)
Сараево – Претседателот на СДА Бакир Изетбеговиќ за следните денови најави дека ќе бидат одржани состаноци од кои се очекува да биде постигнат компромис за деблокада на работата на заедничките институции на Босна и Херцеговина, со наоѓање решение за прифаќање на Акцискиот план за членство во НАТО, на што се противи ентитетот Република Српска. (Радио Сараево)
Приштина – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград барал од Приштина 950 квадратни километри територија во Косово, но темата за поделба веќе не е на маса, иако српскиот претседател Александар Вучиќ сè уште ја користи поделбата. (Газета експрес)
Загреб – Околу 600.000 луѓе од поранешна Југославија купуваат производи од тутун на црниот пазар, што нанесува штета врз даночните приходи од околу 306,7 милиони евра, додека шверцерите и нелегалните дилери на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра годишно во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и во Северна Македонија, покажала студијата на Загрепскиот економски институт, спроведена со анкета на 21.000 луѓе. (ХТВ)
Бисер балкански
По мене потоп
– Со Собранието завршив.Заситен сум и воопшто не ме интересира што ќе биде таму по мене. Нема шанси да следам директен телевизиски пренос од парламентарните седници. Ништо, за мене е готово. Можев да работам уште една година, додека не наполнам 65, но не сакав. Заклучив дека е дојдено време за пензионирање – рече Жељко Мариќ, кој целиот работен век го поминал во пребројување на пратеничките гласови, а од пред неколку години неговата работа беше заменета со систем за електронско пребројување на гласовите.