Поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, не се појави на денешното рочиште за случајот „Тортура“ за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, каде беше повикан да сведочи за настанот.
Обвинителот Љубомир Лапе го повлече од листата на сведоци за случајот. Причина плус за одложување на рочиштето е и отсуството поради болест на еден од обвинетите во случајот.
Во „Тортура” првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки заедно со уште петмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.