Довчерашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во рок од осум дена може да поднесе жалба за неговото разрешување од позицијата. Одлуката за негово разрешување беше донесена од Советот на јавните обвинители.
Вангеловски жалбата треба да ја поднесе до Советот од судии. Во овој Совет членуваат девет судии, од кои тројца ќе бидат избрани од Врховниот суд, двајца од судот кадешто тој работел, односно Врховниот суд и по еден судија со ждрепка ќе биде избран од Скопје, Битола, Штип и Гостивар, односно од четирите апелациски подрачја во земјава.
Советот за одлучување по поднесената жалба може да го потврди или укине решението за разрешувањето на Вангеловски.