Јавното обвинителство одлучи да ги прифати предметите од СЈО.
Со тоа, Специјалното јавно обвинителство заминува во историја по четиригодишно постоење.
Одлуката следуваше по барањето на Катица Јанева испратено од затворот во „Шутка“ каде што е во притвор поради случајот „Рекет“.
Обвинителството со кое што раководи Љубомир Јовески ќе одлучи кој ќе работи по предметите, кои одат во ЈО без оглед дали се во фаза на судски процес, истрага или предистрага.