Јубилејната 25-та по ред „Меѓународна ликовна клонија Михајлово-Кавадарци 2019“ на која годинава учествуваат педесетина ликовни уметници, беше отворена на традиционален начин со ликовната изложба и тоа на младата уметница од Софија, Сандра Блажева.
– Поп-артот е правецот на сликарство во кој што твори Сандра, а тоа е тренд кој ги рефлектира сликите и темите од популарната култура и производи на потрошувачкото општество. Денес самите дела и нивните автори се претвараат во слики од масовна култура, печатени во милиони примероци отпечатени на предмети од омаќинството. Музеите на современата уметност се дел од масовниот културен туризам, а современата дигитална уметност има поврзаност со уметничките дела од целиот свет преку различни медиуми што ја водат уметноста на нови знаења и димензии. Енди Ворхол во Америка и Јосиф Мојс во Европа стануваат икони на постмодерната уметност во 1960-тите години, а денес нивната уметност е уметнички објект и овој тренд е повторно создаден со помош на техника на сликање на масло, колаж и прскање, со светла контрасна боја својствена за поп-артот. Такви се и всушност делата на Сандра Блажева каде што популарните личности како Ворхол, Џексон, Пабло Пикасо, Салвадор Дали се предмет на портрет во нејзиниот проект. Провокацијата тука е да се рекреира портрет карактеристика во согласност со техниката на постмодернистичките струи и длабочината на креативниот светоглед кој секоја од овие личности го носи – рече Драгица Чекорова, директор на Музеј на град Неготино која воедно и ја отвори изложбата.
Сандра Блажева е родена во Софија 1987 година по завршувањето на уметничката гимназија образованието го рподолжува на ликовната Академија во Софија. Дипломира во 2011 година додека магистерските студии ги завршува во Националната Академија во Софија на тема „Публицистика, реклама, авторско право во областа на сликарството“. Сандра Блажева во 2016 година докторира на Универзитетот Баскија во Билбао, Шпанија кај професорот Адолф Рамирез. Во 2018 година завршува втор докторат по сликарство на Националната Академија во Софија кај професорот Ивајло Мирчев. Досега има реализирано четири самостојни изложби во Бугрија и пет во дриги земји, вклучувајќи ја оваа тука и голем број на улества во проекти и работилници од областа на уметност и учество на повеќе од дваесет групни изложби во Бугарија.
Во рамките на ликовната колонија се реализираат повеќе изложби и културни настани, а за вечерва со почеток во 20 часот во Музеј-галерија Кавадарци е предвидено отворање на изложба на ликовниот уметник Тони Чатлевски од Прилеп, редовен учесник во колонијата чија уметност е добро позната на кавадаречката културна јавност.
Ми.М.