Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го откажа учеството на владината делегација на преговори со претставници на опозицијата на Барбадос. Претставници на Владата нема да отпатуваат на Барбадос, како протест поради новите санкции на САД.
– Иако опозициската делегација, која ја предложи пратеникот Хуан Гваидо, е на Барбадос, претседателот Николас Мадуро одлучи да не ја испрати делегацијата на Венецуела, поради сериозната и брутална агресија на администрацијата на Трамп против Венецуела – се наведува во соопштението на претседателот.
Делегацијата на Владата и опозицијата би требало денеска и утре на Барбадос да се сретнат за да ги продолжат разговорите под покровителство на Норвешка.
САД во вторникот го замрзнаа целиот имот на Владата на Венецуела.