Американскиот актер и пејач Џаред Лето (47) преку социјалните мрежи ги извести своите обожаватели дека пристигнал во Хрватска. По концертот во Амстердам, Лето пристигна во Хрватска, поточно на островот Обоњан кај Шибеник.
Во средината на јули, Лето откри дека го изнајмил хрватскиот остров заради фестивалот „Камп Марс“, кој се одржува во Хрватска за првпат годинава. Актерот и пејач со својот бенд досега четири пати го организираше фестивалот „Камп Марс“ во Малибу, Лос Анџелес, а за петиот јубилеј одлучи да ја пренесе забавата на јадранскиот брег, па го избра Обоњан.
– Останаа само неколку дена до почетокот на фестивалот. Го истражувам островот и одвај чекам да ги видам сите наскоро. Ќе биде неверојатно – им порача Лето на своите фанови во кратко видео.