Најмалку 26 цивили се убиени во вооружен напад врз село на северозападот на Бурунди, јавуваат медиумите.
Според министерот за безбедност Ален Гијом Буњони, масакрот е извршен од „терористичка група“.
Локалните власти додаваат дека бројот на жртвите би можел да биде и поголем бидејќи потрагата за настрадани лица продолжува.
Очевидец тврди дека нападот бил извршен со пушки и ножеви, а напаѓачите запалиле и куќи во селото.