Претседателот на Собранието, Талат Џафери, собраниската расправа за измените на Законот за Јавно обвинителство ја закажа за 27 август, откако пратениците ќе се вратат од годишен одмор.
Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство ќе се носи по скратена постапка. На истата седница ќе се расправа и за предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители, исто така по скратена постапка.