Албанскиот претседател Илир Мета вчера во Приштина се сретна со поранешниот косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
– Среќен сум што се сретнав со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Горд на неговиот инспиративен карактер – напиша Мета на својот профил на Фејсбук.
Харадинај споедели фотографии од средбата и напиша дека со Мета размениле мислења за состојбите во регионот.
По оставката на Харадинај, Мета нагласи дека е горд на Харадинај и убеден во неговата невиност.