Премиерот Зоран Заев кажа дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред да ѝ се одземе телефонот.
– Јавното обвинителство е должно да каже дали се злоупотребува Катица Јанева во процесот или има докази против неа – смета Заев.
Додека не се докаже дека е инволвирана во случајот, рече Заев, стојам зад неа.
– Верувам во правосудниот систем, конечно функционора, имаме правна држава, се покажува дека законот важи за сите. Верувам дека секој што се огрешил и има докази, дека ќе одговара – рече Заев.