Во тек е Парада на гордоста во Македонија, во знак на бробата за правата на лицата од ЛГБТИ-заедницата, под организација на Националната мрежа за броба против хомофобијата и трансфобијата.
Учесниците се регистрираа во „Жена-паркот“ во Скопје, а потоа одржаа марш од Собрание до Школка во Градскиот парк, каде започна музичката програма и обраќање на локални и регионални активисти и претставници на институции.
Активистите велат дека Парадата на гордоста е протест во кој ЛГБТИ-луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници, кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка за оваа борба.
Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ-движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ-луѓето. Организаторите велат дека нашата држава е последната земја од регионот што организира парада на гордоста.