Официјалната истрага за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, која ја спроведоа истражителите на Саудиска Арабија не се обидела да открие кој би можел да го нарача убиството, соопшти претставничка на ОН.
– Треба да се спроведе истрага поради убиство со предумисла во конзулатот во Истанбул против саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, главниот советник и други високи функционери поради пронајдени докази против нив – изјави Агнес Каламард, истражителка во ОН, за вонсудски егзекуции.
Саудиска Арабија долго ги негираше сомневањата на ЦИА и некои западни земји, дека принцот го наредил убиството на новинарот во Истанбул.
– Истрагата која беше прашање на човекови права, а не кривична истрага, откри веродостојни докази и поради тоа дозволува понатамошна истрага на лична одговорност на саудиски високи функционери, вклучително и принцот на Саудиска Арабија и неговиот главен советник Сауд Катани – изјави Каламард.
Во извештајот кој го објавила во април, повикува на покревање меѓународна кривична истрага, а државата да ги прошири санкциите на имотот на принцот во странство, освен ако докаже дека е невин.