Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во Саудиска Арабија за да се сретне со саудискиот принц Мохамед бин Салман, поради зголемените тензии меѓу САД и Иран.
Тој беше пречекан од новиот американски амбасадор во Саудиска Арабија, Џон Абизад, и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Ибрахим ал Асаф.
Пред да замине за Саудиска Арабија, Помпео објави дека ќе разговара со официјални лица во Персискиот Залив, како и во Азија и Европа, бидејќи планира да формира меѓународна коалиција против Иран, објави АП.
Тој рече дека САД се подготвени да преговараат со Иран,
но исто така, најави дека денес во Техеран ќе бидат воведени нови американски санкции.Од Саудиска Арабија, Помпео оди во Обединетите Арапски Емирати, земја која е исто така близок сојузник на САД.