Германската кацеларија за заштита на уставниот поредок минатата година забележала пораст на казнените дела кои имаат поврзнаст со радикалната десница, јавува Билд. Канцеларката Ангела Меркел повика на борба против екстремната десница.
– Бројот на луѓе кои приѓаат на екстремната десница е во пораст. Во 2018 година се евидентирани 24.100 членови, што е за стотина повеќе во споредба со 2017 година – пишува Билд повикувајќи се на годишниот извештај на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.
Во исто време се зголемил бројот на насилни кривични дела од 28 во 2017 година, на 48 во 2018 година. Како главна цел на нападите на естремната десница се наведуваат две групи во општеството: бегалците и муслиманите. Исто така и политичарите сè повеќе се цел на напади на екстремната десница.