Поради страв дека САД ќе го нападнат Иран, цената на нафтата достигна 65 долари по барел за време на критичната ситуација на Блискиот Исток од каде што се извезува 20 отсто од нафтата на светско ниво, пренесе „Ројтерс“.
Глобалниот репер скокна за 4,3 отсто, така што цената на еден барел нафта достигна висина од 65 долари. Цената на суровата нафта се зголемува поради тензиите во Блискиот Исток откако Иран го собори воениот дрон на САД во воздухопловна зона за која САД тврдат дека е интернеционална, а не припаѓа на Иран. Од нивна страна, пак, Иран тврди дека дронот бил навлезен во нивната територија.
По одбиените покани за разговори, властите на Иран изјавија дека било каков напад изведен од САД би имал интернационални и регионални последици.
Сето ова се случи откако претседателот Доналд Трамп утрово прво одобри воен напад врз Иран, но веднаш потоа нападот беше отповикан.
Тензиите во последно време се зголемуваат поради економските санкции наметнати врз Иран од страна на САД, како и поради нападите на танкерите кои пренесуваат нафта во заливот, за кои САД го обвинија Иран.