Индиска тинејџерка се бори за живот откако била силувана, полеана со безнин и запалена, соопшти локалната полиција, додавајќи дека ова е втор ваков случај во последните неколку дена.
– Девојчето има изгореници од прв степен на 70 проценти од телото- изјави полициски началник од округот Пакур во државата Џарханд.
Инцидентот се случил во петокот, кога во истата држава бил извршен сличен напад кој ја згрози јавноста.