По наглото губење на тежината, Џулијан Асанж е во стабилна состојба и наскоро ќе биде во доволно добра здравствена состојба за да ја напушти затворската болница, изјавил неговиот татко откако го посети вчера во затворот Белмарш во Лондон.
Основачот на „Викиликс“ пред неколку недели беше преместен во медицинското одделение во затворот, по нагло губење на тежината поради болест, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“, не наведувајќи за каква болест се работи.