Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 јуни, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Духовден или Дуовден — еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение.
Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во црногорското и хрватското приморје овие денови се нарекуваат и Русаље или Русаљи, а во Македонија и кај останатите Јужни Словени со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на Св. Троица.