Лекарот Вилијам Хасел, кој работел во одделот за интензивна нега во болница во Колумбус, во американската држава Охајо, е обвинет за убиство на 25 пациенти, така што им давал прекумерна доза на аналгетици.
Ова е еден од најголемите случаи на масовно убиство во американскиот здравствен систем. Судијата нареди кауција од еден милион долари.
Хасел бил отпуштен од болницата „Маунт Кармел“ и му била одземена лекарската лиценца во декември минатата година, кога се појавиле обвиненијата против него. Потоа и внатрешната контрола покажала дека во текот на изминатите пет години, на пациентите им препишувал потенцијално опасни по живот дози на аналгетици.
Некои од пациентите кои починале биле сериозно болни, но лекарската комисија заклучила дека со соодветна терапија нивата здравствена состојба би се подобрила.
Државниот обвинител Рон О’Брајан рече дека во моментов не планира да покрене обвиненија против други вработени во болницата.