Парламентот на Латвија денеска го избра поранешниот судија на Европскиот суд на правдата Егилс Левитс за нов претседател на оваа балтичка држава.
Левитс беше поддржан од 61 пратеник во парламентот со 100 места. Неговиот мандат трае четири години и официјално почнува на 8 јуни кога истекува мандатот на сегашниот претседател Раимонд Вејонис.
Должноста на латвискиот претседател главно е протоколарна. Тој е врховен командант на вооружените сили и го назначува премиерот и амбасадорите. Тој предлага закони и има право да го распушти парламентот.