Анонимен НБА навивач платил неверојатни 56.876 долари за две влезници за да може првиот меч од финалето Торонто-Голден Стејт да го гледа од прв ред, на самиот терен.
Ова го пренесе како информација Дарен Ровел, новинар упатен во настаните поврзани со НБА.
$56,876.77: What someone just paid for a pair of two courtside seats on StubHub to Game 1 of the NBA Finals on Thursday in Toronto ($76,477.50 in Canadian $). pic.twitter.com/y1op1gTCNN
— Darren Rovell (@darrenrovell) 27 May 2019
Мечот во Канада привлекува незапамтен интерес, па цените на билетите вртоглаво растат и се продаваат за „големи пари“.
За оние кои сакаат да седат во популарниот „голубарник“ во „Ер Канада центарот“, односно највисоко на трибините ќе треба да одвојат 1.500.
Првиот меч во финалната серија се игра ноќта меѓу четврток и петок во 3 часот.