Шведските ќофтиња широко познати како шведско национално јадење, всушност потекнуваат од Турција. Шведските власти оваа вест ја соопштија неодамна на својот официјален профил на Твитер.
– Нашите ќофтиња, всушност се базираат на рецепт од Кралот Карло XII, кој тој го донел од Турција на почетокот од 18. век. Да се држиме до фактите- пишува на социјалната мрежа.
Се уште не е јасно зошто Шведска одлучила дека сега е вистинско време да го соопшти тоа, но нејзината изјава секако покрена вистинска лавина од реакции.
Турците беа пресреќни, некои Швеѓани зачудени, а на социјалните мрежи се појавија голем број шеговити коментари.
Некои Турци и предложија на Шведска името на јадењето да го промени во „köfte“, што е турски назив за ќофте.
Кралот Карло периодот меѓу 1697 и 1718 година го поминал во егзил во Османлиското царство, а кога повторно се вратил во Шведска, покрај рецептот за ќофте, со себе понел и зрна кафе и рецепт за сарма.