Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ги обвини големите западноевропски земји за лицемерие и хистерија, поради критикување на средноевропските држави и нивните деловни договори со Кина, бранејќи ја унгарската употреба на „Хуавеј“ 5Г мобилна технологија.
Шеснаесет средноевропски и источноевропски држави, вклучително 11 членки на ЕУ, во април учествуваа на самитот со Кина, за време на кој рекле дека ќе ја зголемат трговијата и ќе обезбедат поддршка за големи прекугранични инфраструктурни проекти