Неексплодирана граната е пронајдена во дол покрај патот меѓу селата Долен и Среден Крушопек во општина Сарај.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 милиметри.
Од МВР соопштија дека гранатата е активна и е без осигурувач на запалката и поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на самото место од страна на одделот за антитероризам.
-Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време- се вели во соопштението на МВР.