Сто и двегодишна жена е осомничена за убиство на нејзината 92-годишна сосетка во француски дом за стари лица, пренесува Би-би-си.
Осомничената моментно се наоѓа во психијатриска болница, а таа претходно на еден негувател кажала дека убила некого, пренесе обвинител од Франција.
Негувател во домот за стари лица Шези-сур-Марн во северна Франција, ја нашол жртвата во кревет, со видливи модринки на лицето.
Надлежните по прегледите, заклучиле дека причината за смртта е загушување и силни удари во главата.
Според пишувањата на „Франс прес“ кои се повикуваат на извори од француското обвинителство, 102-годишната жена која е обвинета за убиството, била пронајдена во вознемирена и збунета состојба и веднаш го признала убиството на негувателот.
Во мометов се вршат психијатриски тестови на осомничената, за да се расветли дали навистина таа е одговорна за делата кои ги извршила.