Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси е освојувачот на трофејот „Пичичи“ по шести пат во кариерата откако сезонава беше најдобар стрелец во Примера со 36 гола.
Ова е трет трофеј во низа за сјајниот фудбалер со што се изедначи со легендата на Атлетик Билбао, Телм Зар кој рекордот го постави пред 66 години.
Меси конечниот број голови сезонава го постави по вчерашното реми (2-2) со Еибар на гости.
Ниту еден играч во историјата на Шпанското фудбалско првенство не го освоил „Пичичи“ со толку голема разлика како Меси сезонава. Суарез и Бензема останаа на -15 гола зад него. Претходно рекордер беше Хуго Санчез со 14 гола повеќе од следбениците во сезонатa 1986/87.
Аргентинецот во дресот на Барселона е главен фаворит за освојување на Златната копачка во Европа и тоа трета година во низа, а вкупно шести пат во кариерата.
Меси има 4 гола повеќе од првиот до него, Килијан Мбапе кој се уште има шанси да го стигне, доколку биде голгетерски расположен во последното коло во Лига 1.
Со вкупно 50 гола на 49 натпревари во сите конкуренции Меси петти пат во кариерата дојде барем до бројката 50. Тој ефект ќе може да го подобри во финалето на Купот на кралот против Валенсија.