Љубителите на изборот за песна на Евровизија, воглавно, имаат пофални зборови за синоќешниот настап, односно за изведбата на македонската претставничка Тамара Тодевска, судејќи според коментарите на Твитер.
Голем дел од нив се осврнаа на вокалните способности на Тамара, како и на квалитетот на песната „Proud“.
„Голема балканска балада“, Северна Македонија најдобра на вечерта. Чиста класа“, „Македонија се враќа, горди сме на тебе Тамара“, „Северна Македонија претставува чиста емоција, неверојатна балада и еден од моите фаворити годинава. Тамара е извонреден вокал“, „Ми се допаѓа оваа македонска музика, ви прираснува при срце и добивате желба да го пеете рефренот“, „Северна Македонија ја има најдобра вокална изведба“, гласат дел од коментарите на Твитер.
North Macedonia ?? best of the evening! Pure class. #Eurovision #MKD
— Scott A Earp (@ScottyEarp) May 16, 2019
Дел од обожавателите на музичкиот избор ја спомнаа и промената на името која ја забележале токму на „Евровизија“, истакнувајќи ја нивната збунетост.
„Од кога БЈР Македонија стана Северна Македонија? Што се случува со светот“ „Од кога Северна Македонија?“, „На ‘Евровизија’ дознав дека Македонија сега е Северна Македонија“, „Северна Македонија, а каде точно е Јужна Македонија“, пишуваа корисниците на Твитер.
#Eurovision WHAT?? WHEN DID THE FORMER YUGOSLAVIAN REPUBLIC OF MACEDONIA BECOME NORTH MACEDONIA?? WHAT'S GOING ON IN THE WORLD?? ??
— Brandon Michelle (@brandon_michele) May 16, 2019
Македонија се пласираше во финалето на „Евровизија“ кое ќе се одржи утре.