Со сиоќешната победа во седмиот натпревар од плејоф-серијата на западот против Денвер нагетс, Портланд трејлблејзерс ќе се сретнат со фаворитот Голден Стејт вориорс. Освен тоа што се очекува неизвесна серија и средба на одличните Kлеј Томпсон, Кевин Дурент и Дрејмонд Грин од едната и Демиен Лилард, Си Џеј Меколум и Енес Кантер од другата, во овој натпревар за првпат во нивните кариери, силите ќе ги одмерат браќата Стеф и Сет Кари во една плејоф серија.
Исто така, ова е прв случај во кој било кои браќа се среќаваат во НБА конференциско финале. И додека Стеф, очигледно, го добива скоро целото внимание на јавноста, со неодамнешната одлична партија против Хјустон рокетс и неговите 33 поени, и покрај отсуството на Дурент, може да се каже дека и Сет има одлична сезона.
Според „Елијас спортс“, Стеф и Сет Кари се првите браќа кои ќе се сретнат во едно конференциско финале и првите браќа кои ќе играат меѓусебе во плејофот уште од дуелот на Марк Гасол (Мемфис) и Пау Гасол (Спарс), во првата рунда во 2017 година.
Per @EliasSports, Warriors guard Stephen Curry & Trail Blazers guard Seth Curry are the first brothers ever to meet in the conference finals and the first brothers to play against each other in any round since Marc Gasol (Grizzlies) & Pau Gasol (Spurs) in the 2017 First Round.
— Warriors PR (@WarriorsPR) May 12, 2019
Помладиот Кари беше трет во целата НБА-лига според процентот на погодени тројки во регуларната сезона, со 45 отсто. И иако беше едно место пред неговиот брат, сепак, Стеф имаше скоро трипати повеќе обиди. Сет исто така погоди многу важни шутеви за време на петтиот натпревар од серијата против Денвер, и се очекува добра серија од него и против „вориорси“.
Браќата претходно оваа сезона се сретнаа во натпреварот за три поени на олстарот во Шарлот оваа година, а сега нивниот дуел е од значително посериозен карактер. Неблагодарната ситуација во која се наоѓа семејството Кари пак, според некои пишувања на медиумите, со фрлање на паричка одлучило за кој брат ќе навива во конференциското финале. Ова го потврди и Соња, мајката на двајцата браќа, која заедно со сопругот Дел ќе носат дресови од двете екипи за време на меѓусебните натпревари.
Seth & Steph Curry will be the first brothers to ever play each other in an NBA conference finals. Sonya & Dell Curry told me their plan is to literally flip a coin to split which kid to root for/which parent wears which team’s gear.
— Rachel Nichols (@Rachel__Nichols) May 12, 2019
– Знам дека мајка ми малку е под стрес. Татко ми пак, секогаш е смирен. Таа најверојатно е среќна сега и ужива за двајцата. На крајот од денот, таа треба да гледа на светлата страна. Еден од нас ќе оди во финалето. Затоа, нема губитници – изјави помладиот брат Сет. П.С.