Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вечерашниот завршен митинг во Битола, на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, побара битолчани в недела масовно да излезат на гласачките места и да го дуплираат бројот на гласовите.
Тој притоа не ја пропушти приликата да каже дека во првиот круг Битола
потфрлила според бројот на гласовите за него.
– Гласањето за мене значи продолжување на државата по патот за
НАТО и ЕУ – изјави Пендаровски.
Пендаровски нагласи дека гласот за Гордана Сиљановска – Давкова
е глас за враќање на Груевски и фамилијата на власт.
Тој притоа остро го нападна се уште актуелниот претседател на државата
Ѓорге Иванов кој одбива да потпише дури 25 закони кои се поминати во
Собранието.
М.М.